За нас

Фирмата Пчински Консалтинг е основана 1991 година под името ЛМН КОНСАЛТИНГ, како претпријатие претежно ориентирано кон сметководствени услуги и консалтинг.

Во својата втора деценија фирмата се пререгистрира во Пчински Консалтинг.

Пчински Консалтинг е предводена од тим на искусни економисти со долгогодишно искуство на чело со Пчинска Лиљана, дипломиран економист и овластен ревизор, со огромно искуство докажана во својата струка.

Доколку одлучите да соработувате со нас, овој тим ќе ви биде на располагање за да можете без проблеми и главоболки да стопанисувате со вашата фирма.

Пчински Консалтинг може да се пофали со долгогодишна успешна соработка со повеќе клиенти кои се докажале на нашиот пазар, со кои соработуваме повеќе од 15 години. 

Некои од нив се: Хромак, Фипко, Арс Инжинеринг, Отљанац, Приватна Здраствена Установа Д-р Ѓоше и други.